Мусака полна ориз и компири

Мусака полна ориз и компири

Деликатесна мусака:

Состојки:

  • 1 кг. компири
  • 1 шолја оиз
  • 300 гр. сланина
  • 1 кромид
  • 2 лажички црвен пипер
  • вегета
  • сол
  • бибер

 

 

Подготовка:

  1. Се лупи и сече на тенки кругови компирот, а оризот се мие, кромидот ситно се сече.
  2. Се мешаат 3 децилитри вода со 2 лажички вегета и 2 лажички црвен пипер.
  3. Се става маргарин во огноотпорен сад, па ред компири, зачини, па ориз, па кромид, мешавината со вода и зачини, па компири.
  4. Горе се става сланина.
  5. Се пече на 200 степени 45 минути.

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко