Вкусен оброк без месо: Компир со ориз (ВИДЕО)

Вкусен оброк без месо: Компир со ориз (ВИДЕО)

Со компир подготвен на овој начин, убаво оди доматна чорба.

Состојки:

  • 500-600 гр компири
  • 1 главица кромид
  • 50 гр ориз
  • сув зачин
  • сол
  • мелен бибер
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Компирите исчистете ги и исечкајте ги на тенки кругови. Посипете со сув зачин или само посолете, побиберете и добро измешајте.

     

  2. Кромидот исечкајте го на кругови, а оризот добро измијте го. Намастете тепсија со масло, па на дното ставете половина од компирите. Преку распоредете кромид, а преку кромидот измиен ориз.

     

  3. Преку оризот ставете го вториот дел од компирите. Залијте со масло и ставете вода да го прекрие оризот. Печете на 220 степени околу 50 минути, убаво да порумени.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text