Грчки мини крофнички: Вистински начин да се засладите

Грчки мини крофнички: Вистински начин да се засладите

Една крофничка – еден залак. Совршен десерт!

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 200 мл млако млеко
  • 200 мл млака вода
  • 50 мл масло
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 1 кесичка сув квасец

Начин на подготовка:

  1. Во топло млеко ставете квасец и шеќер, измешајте и оставете квасецот да се активира. Додајте масло и топла вода, измешајте и постепено додавајте брашно, ставете и сол. Замесете глатко тесто.

     

  2. Одвојте кори, и редете ги на стапчиња за ражнич. Пржете во врело масло, од сите страни. Посипете со растопено чоколадо или по ваша желба.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко