Овој брз крем можете да го послужите со свежо овошје, парчиња бисквити или чоколадо.
Состојки:
- 4 банани
- 450 гр грчки јогурт
- 50 гр шеќер во прав
- 1 лажица екстракт од ванила
- 1 лажичка сок од лимон
Начин на подготовка:
- Измешајте јогурт и шеќер во прав во глатка смеса.
- Изблендирајте банани со екстракт од ванила и сок од лимон.
- Измешајте ја смесата од јогурт со изблендирани банани и лесно измешајте со шпатула.
- Ставете во садови и ставете во фрижидер најмалку 4 часа.
Уживајте!