Поховани пилешки стапчиња

Поховани пилешки стапчиња

Можете да ги послужите со прелив за пилешко и помфрит.

Состојки:

  • 500 гр бело месо
  • 200 гр презла
  • 100 гр сусам
  • 100 гр брашно
  • 2 лажици сув зачин
  • 1 лажичка бибер
  • 4 јајца
  • 2 рамни лажички сол

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте го белото месо на шницли. Исчукајте го, ставете сув зачин и бибер од двете страни и исечкајте на ленти со дебелина од 1,5-2 см и должина од 6-7 см. Извалкајте ги во брашно. Потоа разматете јајца и сол, па во друга чинија измешајте презла со сусам и сув зачин.

     

  2. Во тава ставете доста масло и кога ќе се загрее додајте стапчиња кои сте ги извалкале во брашно, па во јајца и на крај во презла. Пржете додека не добијат златна боја.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Иги“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко