Полнето пилешко со сувомеснато и сирење

Полнето пилешко со сувомеснато и сирење

Брз и вкусен ручек!

Состојки:

  • 4 парчиња пилешки гради
  • 4 парчиња сувомеснато Пекабеско
  • 4 парчиња гауда сирење
  • 4 лажици сенф
  • 2 јајца
  • 1 шолја брашно
  • 1 шолја презла

Начин на подготовка:

  1. Пилешките гради расечете ги добро растегнете ги. Посолете, побиберете, намачкајте со сенф, па на нив ставете парче сувомеснато и сирење.

     

  2. Свиткајте ги рабовите кон внатре и свиткајте, внимавајќи филот да не може да истече.

     

  3. Извалкајте ги во брашно, разматени јајца и презла. Пржете додека не поруменат од сите страни.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко