Брза гибаница со вода – Се прави со готови кори

Брза гибаница со вода – Се прави со готови кори

Направете гибаница, лесен и брз појадок со многу едноставни состојки.

Состојки:

  • 1 пакување кори за пита
  • 150 гр. маргарин
  • 50 мл. маслиново масло
  • 300 гр. сирење
  • 6 јајца
  • 300 мл. врела вода

Подготовка:

  1. Се топи маргаринот со маслото, се рони сирењето.
  2. Секоја кора се премачкува со смесата и се среди на намастена тепсија, па преку секоја кора се става и сирење.
  3. Се повторува додека има кори и фил.
  4. Се премачкува последната кора со останатата смеса од маргарин и масло и се сече на парчиња.
  5. Се матат јајца со жица се става иврелата вода и се меша брзо.
  6. Се прелива питата и се остава 15 минути.
  7. Се пече на загреана рерна на 180 степени 30 минути додека порумени.

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

 

singlepost_text