Наместо бомбици: Рафаело колачиња

Наместо бомбици: Рафаело колачиња

Направете рафаело во ново руво – рафаело штангли.

Состојки:

  • 80 мл. вода
  • 200 гр. шеќер
  • 150 гр. маргарин
  • 70 гр. бело чоколадо
  • 200 гр. млеко во прав
  • 100 гр. кокос
  • 70 гр. мелени лешници
  • 100 гр. бело чоколадо
  • 5 лажици млеко

Подготовка:

  1. Се меша вода со шеќер на оган да зоврие.
  2. Се вари околу три миинути откако ќе зоврие.
  3. Се додава маргарин и 70 грама бело чоколадо, се меша и кога ќе се стопат се трга од рингла.
  4. Се става млеко во прав и се мати со миксер.
  5. Се додаваат кокос и лешници.
  6. Се става во подмачкан плех, се лади, па се прелива со бело чоколадо стопено со млеко.
  7. Се сечат штангли и се служат.

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

 

singlepost_text