Полнети слатки мекици: Домашно печиво број 1

Полнети слатки мекици: Домашно печиво број 1

Уживање во секој залак…

Состојки:

  • 15 гр квасец
  • 2 јајца
  • кора од лимон
  • 300 мл млеко
  • 1 лажичка шеќер
  • 650-700 гр брашно
  • малку сол
  • крем за полнење

Начин на подготовка:

  1. Квасецот издробете го во малку млако млеко со шеќер и оставете да надојде. Додајте го остатокот од млекото и јајцата па разматете со жица. Додавајте кора од лимон, брашно,сол и замесете меко глатко тесто.

     

  2. Оставете го покриено да порасне. Масата намастете ја со малку масло па ставете го тестото на маса, малку премесете го и развлечете го со сукало на дебелина од 1,5 см.

     

  3. Исечкајте на правоаголници. Во средина ставете лажичка крем, поклопете два пати и добро составете од сите страни. Наредете во намастен послужавник и оставете да нарасне околу 15 минути.

     

  4. Пржете во длабоко масло. Од горе посипете со шеќер во прав и ванилин шеќер.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text