Здрава и вкусна ладна супа…
Состојки:
- 2 краставици
- 2 парчиња авокадо
- 250 мл грчки јогурт
- 1 лимета
- 1 рака свеж магдонос
- 1 рака свежо нане
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Во блендер измешајте излупени парчиња свежа краставица, авокадо, грчки јогурт и зачински билки и сок од една лимета додека не добиете глатка смеса.
- Супата послужете ја ладна со крцкав леб или крекери.
Добар апетит!