Домашен џем од дињи

Домашен џем од дињи

Искористете ја сезоната на дињи и направете вкусен џем.

Состојки:

  • 2 дињи
  • 200 гр шеќер
  • сок од 1 лимон
  • 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Дињите исечкајте ги на половини, исчистете ги од семки, излупете ја кората и исечкајте ги на коцки. 
  2. Ставете ги коцките дињи во тенџере, додајте шеќер, лимон и ванилин шеќер. Гответе околу 45-50 минути во зависност која густина ја сакате. 
  3. Непрекинато мешајте и со лажица отстранувајте ја пената. Врелиот џем ставете го во стерилизирани тегли, вратете ги во рерна еден час на 90 степени, потоа рерната исклучете ја и оставете ги теглите да преноќат. Наредниот ден затворете.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко