Вкусни уштипци од компири со печурки и сирење

Вкусни уштипци од компири со печурки и сирење

Кога еднаш ќе ги пробате, ќе ги правите постојано!

Состојки:

  • 1 кг компир
  • сол
  • бибер
  • кромид
  • 400 гр мали шампињони
  • 5 лажици масло
  • 4 парчиња сирење
  • 2 лажици сечкан магдонос

Начин на подготовка:

  1. Излупете го компирот, измијте го, па изрендајте го. Зачинете со сол и бибер по вкус.Исечкајте го кромидот. Преполовете ги шампињоните.

     

  2. Во тава загрејте лажица масло, пропржете ги шампињоните, па додајте кромид и се заедно кратко динстајте. Извадете и оставете на страна.

     

  3. Добро загрејте го останатото масло во тава, па од двете страни испржете осум уштипци од изренданиот компир.

     

  4. Вклучете ја рерната на 200 степени. Уштипците наредете ги во плех, преку нив распоредете шампињони, па не секој ставете по половина парче сирење и малку бибер.

     

  5. Печете 10 минути, па сервирајте со магдонос.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text