Само измешајте и испечете: Палачинки од блендер

Само измешајте и испечете: Палачинки од блендер

Подготовката на овие палачинки нема да ви одземе многу време.

Состојки:

  • 1 зрела банана
  • 1 шолја млеко
  • 2 шолји овесни снегулки
  • 1 јајце
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • кокосово масло
  • екстракт од ванила (по желба)
  • 1 лажица мед (по желба)

Начин на подготовка:

  1. Во блендер разматете ги бананата, млекото и овесните снегулки. Додајте јајце и сода бикарбона, па повторно измиксајте. Ако ставате и додатоци по желба, додајте ги сега и миксајте уште неколку секунди.

     

  2. Загрејте тава и на малку кокосово масло печете ги палачинките. Кога на горната страна ќе се појават меурчиња, свртете ги палачинките и печете ги на другата страна.

     

  3. Послужете со свежо овошје.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text