Одлична идеја за вкусен ручек: Пилешко со блитва и павлака

Одлична идеја за вкусен ручек: Пилешко со блитва и павлака

Ако немате идеја што да спремите за ручек, еве одличен предлог.

Состојки:

  • пилешко бело месо
  • 1 веза блитва
  • 1 мала главица кромид
  • 3-4 чешниња лук
  • 100 гр кисела павлака Пекабела
  • 1 јајце
  • малку кашкавал
  • сол
  • масло

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете кромид и лук па додајте бело месо исечкано на коцки. И тоа малку пропржете го.

     

  2. Блитвата попарете ја со врела солена вода, па процедете и малку исечкајте. Ставете во пропрженото месо. Додајте сол.

     

  3. Разматете јајце и додајте павлака, измешајте и додајте во месото. Изрендајте малку кашкавал. Ставете во намастен плех и печете на 200 степени околу 30 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко