Чоколаден прелиен колач: Мек и брз десерт

Чоколаден прелиен колач: Мек и брз десерт

Брзо се подготвува, а вкусот е фантастичен!

Состојки:

  • 2 јајца
  • 3 лажици шеќер
  • 6 лажици масло
  • 6 лажици млеко
  • 50 гр чоколадо
  • 50 гр суво грозје
  • 50 гр сечкани ореви
  • 6 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво

Состојки за прелив:

  • 300 мл млеко
  • 50 гр чоколадо
  • ванилин шеќер
  • шеќер по желба
  • кокос за посипување

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер, додајте брашно со прашок за печиво, масло, млеко, растопено чоколадо, суво грозје, сечкани ореви и сѐ добро изедначете. Плехот намастете го па излејте го тестото и печете на 200 степени 30-40 минути.

     

  2. Печениот колач исечкајте го на коцки. Згответе млеко со ванилин шеќер и додајте 50 гр чоколадо и шеќер по желба, па изладете.

     

  3. Прелијте го колачот да впие. Посипете со кокос.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко