Пиперки полнети со сирење, лук и јајца

Пиперки полнети со сирење, лук и јајца

Лесен летен ручек…

Состојки:

  • 6-8 пиперки
  • 250 гр сирење
  • 3 јајца
  • 2 лажици гриз
  • сол
  • бибер
  • лук
  • масло
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Сирењето издробете го, додајте јајца, гриз, магдонос, бибер по желба, сол и лук во гранули. Измешајте.

     

  2. Извадете ги семките од пиперките па наполнете ги со фил. Затварајте со парчиња домати. Остатокот од доматите исечкајте го.

     

  3. Намастете тепсија со масло, наредете пиперки свртени на горе.

     

  4. Убаво премачкајте ги со масло и печете околу 50-60 минути на 220 степени да поруменат.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко