Чорбест грав со суви ребра

Чорбест грав со суви ребра

Вкусно јадење – прсти да излижеш!

Состојки:

  • 250 гр грав
  • 500 гр суви ребра
  • 3 главици кромид
  • 2 моркови
  • магдонос
  • лута пиперка
  • мелена пиперка
  • 2 лажици брашно
  • 4 лажици маст
  • сол
  • бибер
  • сув зачин

Начин на подготовка:

  1. Во големо тенџере на две лажици маст пропржете исечкан кромид. Додајте изрендани моркови и магдонос, налијте шолја вода, па динстајте на тивок оган додека течноста не испари.

     

  2. Налијте два литри вода, додајте грав, исечкана пиперка и ребра исечкани на парчиња, па гответе уште 3 часа на тивок оган.

     

  3. На останатата маст пропржете брашно, додајте мелена пиперка, ставете запршка во гравот, па гответе уште неколку минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text