Рижото со тиквици и сланина

Рижото со тиквици и сланина

Лесен оброк за врелите летни денови…

Состојки:

  • 250 гр ориз
  • малку масло
  • сол
  • бибер
  • 1 тиквица
  • 100 гр сланина Пекабеско
  • магдонос
  • 1 главица кромид
  • супа од зеленчук
  • 1 поголем морков

Начин на подготовка:

  1. Тиквицата излупете ја и исечкајте на коцки, а исечканиот кромид и морков пропржете ги на малку масло, па залијте со малку супа од зеленчук. Оставете да се динста, па додајте тиквици. Кога тиквиците ќе омекнат додајте ориз, уште супа и оставете да се динста.

     

  2. Исечканата сланина пропржете ја во тава без масло и кога ќе порумени додајте во оризвот. Динстајте додека оризот не омекне.

     

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text