Макарон со соја – посно

Макарон со соја – посно

Лесно и вкусно јадење, кое можете да го подготвувате и во посните денови.

Состојки:

  • 400-500 гр макарони
  • 100 гр ситна соја
  • 100 мл масло
  • 200 мл вода
  • 2 лажички сув зачин
  • бибер
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Згответе ги тестенините во солена вода и процедете. Додека тестенините се готват подгответе фил.

     

  2. Издинстајте сечкан кромид на масло. Додајте сува соја, кратко пропржете па додајте вода и зачини. Крчкајте додека водата не испрари и додека не почне да се пржи.

     

  3. Измешајте со тестенини и уживајте во оброкот додека е топол.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text