Компир полнет со сланина и кашкавал: Гурмански ручек кој не се одбива

Компир полнет со сланина и кашкавал: Гурмански ручек кој не се одбива

Одличен начин да подготвите компири…

Состојки:

  • 3 поголеми компири
  • 200 гр рендан кашкавал
  • праз исечкан на кругчиња
  • 150 гр ситно сечкана сланина
  • 1 лажица кисела павлака
  • 50 гр путер
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Компирите ставете ги во плех, добро посолете и печете на 200 степени 45-50 минути. Додека компирите се печат пропржете сланина, без масло, додека не стане крцкава.

     

  2. Испечените компири засечете ги по должина. Издлабете ги, и „месото“ од компирите ставете го во чинија. Во таа смеса додајте путер, сланина, малку кашкавал и павлака. По желба посолете. Соединете ја смесата па полнете ги компирите. Од горе ставете кашкавал. Вратете во рерна да се запече, околу 10 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text