Брз и вкусен ручек: Макарони со сирење и пилешко

Брз и вкусен ручек: Макарони со сирење и пилешко

Брзо и вкусно јадење…

Состојки:

  • 500 гр макарони
  • 3 парчиња пилешко филе
  • 300 гр моцарела
  • 4 чешниња лук
  • 200 гр ајдамер
  • малку магдонос
  • маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • 500 мл павлака за готвење
  • 500 мл пилешка супа

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото филе исечкајте го на коцки, побиберете, посолете и додајте четири ситно сечкани чешниња лук. Пропржете на маслиново масло и додајте 500 мл пилешка супа. Потоа додајте 500 мл павлака за готвење.

     

  2. Ставете ги макароните и оставете да се готват 15-20 минути. Откако ќе се зготват додајте 100 гр ајдамер и измешајте.

     

  3. Во огноотпорен сад ставете маслиново масло, па редете макарони, моцарела и ајдамер наизменично. Печете 10-15 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text