Ладна чорба за врелите денови: Гаспачо

Ладна чорба за врелите денови: Гаспачо

Овој шпански специјалитет ќе ви годи кога времето е жешко…

Состојки:

  • 900 гр домати
  • 2 краставици
  • 1/2 црвена пиперка
  • 1 чешне лук
  • 2 лажици оцет
  • 1/2 шолја вода
  • 1/3 шолја маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • 2 парчиња леб
  • босилек

Начин на подготовка:

  1. Измиксајте сечкани домати, краставица, пиперка, лук и оцет во блендер. Кога ќе добиете глатка смеса додајте маслиново масло и соединете. Посолете и побиберете и ставете во фрижидер да се излади.

     

  2. Додека чорбата се лади, во тава со малку маслиново масло пропржете леб кој сте го исекле на коцки додека не стане крцкав. Зачинете. Чорбата ставете ја во чинија, на врвот ставете босилек, малку коцки леб и лажица маслиново масло.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text