Еве како се подготвува спанаќ – одличен рецепт

Еве како се подготвува спанаќ – одличен рецепт

Направете вкусен спанаќ за целото семејство.

Состојки:

  • 1/2 кг спанаќ
  • веза кромид и лук
  • 1 морков
  • малку зачин
  • сол
  • масло
  • малку млеко
  • 1 лажичка брашно

Начин на подготовка:

  1. Изрендајте морков, а кромидот ситно исечкајте го и продинстајте го на малку масло. Додавајте по неколку капки вода. Кога ќе омекне тргнете од оган. Спанаќот измијте го, исчистете го и обварете го. Во длабок сад ставете динстан кромид и морков и спанаќ. Додајте малку млеко и изблендирајте.

     

  2. На масло пропржете брашно, па кога ќе порумени додајте изблендиран спанаќ и додајте млеко до саканата густина. Додајте зачин или сол.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко