Летна тава: Растурена мусака со тиквички и модри патлиџани

Летна тава: Растурена мусака со тиквички и модри патлиџани

Направете супер вкусен ручек со модри патлиџани и тиквички.

Состојки:

  • 1 модар патлиџан
  • 2 тиквички
  • 1 домат
  • 500 гр. мелено месо
  • 1 кромид
  • 2 чешни лук
  • ½ лажички црвен пипер
  • 150 гр. кашкавал
  • сол, бибер, масло и вегета

[/ingredients

Подготовка:

  1. Се лупат и сечат модриот патлиџан и тиквички по должина, се запекуваат во грил тава и им се ставаат зачини, сол и бибер.
  2. Се динста на масло сечен кромид со лук, се додава мелено месо, лупениот и сечен домат и црвен пипер.
  3. Се ставаат зачини.
  4. Се премачкува правоаголен сад за печење со масло и се става ред тиквички, па мелено месо. Па ред црни патлиџани па мелено месо и се завршува со ред тиквички.Се става во загреана рерна на 180 степени 15 минути.
  5. Се става рендан кашкавал и се допекува додека тој не се стопи и не порумени.

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Брза похована даска кога ќе се најават гости

ФОТО: Традиционална македонска даска

Омилената даска за мацкање на Влатко

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Брзо мезе за ненајавени гости

Највкусни интегрални грисини

Пржени лепчиња – омилениот викенд вкус

 

 

singlepost_text