Кремаста торта со лешници

Кремаста торта со лешници

Неодолива кремаста торта…

Состојки:

  • 1.2 кг шлаг + 2 кесички за украсување
  • 6 дл кисела вода
  • 300 гр мелени бисквити
  • 200 гр печени, мелени лешници
  • 200 гр еурокрем
  • 2 кесички шлаг за украсување

Начин на подготовка:

  1. Добро разматете 400 гр шлаг со 2 дл ладна кисела вода. Во разматената смеса додајте 300 гр мелени бисквити и обликувајте кора.

     

  2. За првиот фил, разматете 400 гр шлаг со 2 дл кисела вода, па додајте печени мелени лешници. Добро соединете, па премачкајте преку кората.

     

  3. За втортиот фил, разматете 400 гр шлаг со 2 дл кисела вода, па во смесата измешајте и 200 гр еурокрем. Филот распоредете го преку филот од лешници.

     

  4. Тортата украсете ја со 2 кесички разматен шлаг и декорирајте по желба.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко