Брз и едноставен доручек: Кајгана со пиперки

Брз и едноставен доручек: Кајгана со пиперки

Едноставен и вкусен доручек…

Состојки:

  • 4-5 јаца
  • 1 поголема пиперка бабура
  • 1 поголема главица кромид
  • 30 гр путер
  • 1 гранче лист магдонос
  • 3 прстофати сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. На путер издинстајте го кромидот исечкан на тенки парчиња, после 4 минути додајте пиперка. Посолете, поклопете и крчкајте на тивок оган додека зеленчукот не омекне, повремено мешајте.

     

  2. Додајте јајца и веднаш измешајте. Печете ја кајганата со постојано мешање, внимавајте да не ги пресушите јајцата и да не останат сирови.

     

  3. Послужете веднаш додека е топла со сирење, јогурт и домашен леб.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text