Чоколаден колач со павлака: Вистинско уживање

Чоколаден колач со павлака: Вистинско уживање

Вистински летен десерт. Разладете се и уживајте!

Состојки:

  • 4 јајца
  • 170 гр брашно
  • 2 лажици какао
  • 120 гр путер
  • 1 чоколадо
  • 1 прашок за печиво
  • 200 гр кисела павлака
  • 100 гр шеќер
  • 50 мл вода за какао
  • 200 мл слатка павлака

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца, додајте просеано брашно со прашок за печиво и омекнат путер. Во какаото додајте врела вода и добро изедначете, па додајте во тестото. Ставете кисела павлака и сѐ добро изедначете. Намастете плех 30х20 и посипете со брашно.

     

  2. Ставете го тестото, израмнете и протресте. Печете на 190 степени околу 30-40 минути. Колачот добро изладете го. Разматете слатка павлака па ставете преку колачот и прелијте со растопено чоколадо. Оставете во фрижидер 2 часа да стегне и излади.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко