Крокети со компири и виршли

Крокети со компири и виршли

Направете вкусни крокети со компир и виршли.

Состојки:

  • 1 кг. компири
  • 10 виршли
  • 50 гр. брашно
  • 1 јајце цело и 2 жолчки
  • 50 гр. презла
  • масло, бибер и сол

Подготовка:

  1. Се вари компирот, се лупи и пасира.
  2. Се меша со јајце и жолчки, брашно, зачини.
  3. Се сечат виршлите на три дела секоја, се става секое парче во тесто од компир.
  4. Се пржат крокетите на масло.

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Брзи традиционални бомбици

Бомбици од пченица

Чоколадни топчиња што се топат во уста

Пченична каша

 

singlepost_text