Може да се јадат неколку дена – Вкусни ќофтиња кои не се масни

Може да се јадат неколку дена – Вкусни ќофтиња кои не се масни

Ќофтиња од туна и немасно сирење кои имаат многу протеини, комплексни јаглехидрати и малку масти, а траат неколку дена.

Состојки:

  • 2 пакувања туна во саламура (300 гр)
  • 250 гр. немасно сирење
  • 2 белки
  • 100 гр. овесни снегулки
  • малку сол и магдонос

Подготовка:

  1. Се загрева рерна на 185 степени и се става хартија на плех.
  2. Се става цедената туна во сад со ситнето сирење, белки и сол, ситно сечен магдонос и се меша.
  3. Се додаваат постепено овесните снегулки, лажица по лажица, да стане смесата цврста и да не се распаѓа.
  4. Се прават ќофтиња со влажни раце и се редат на хартија.
  5. Се печат 20 минути, готови се кога ќе добијат златна боја.

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Брзи традиционални бомбици

Бомбици од пченица

Чоколадни топчиња што се топат во уста

Пченична каша