Роловано пилешко со пршута, моцарела и тиквици

Роловано пилешко со пршута, моцарела и тиквици

Вкусен оброк за сите љубители на месо и тиквици.

Состојки:

  • 6 парчиња тенко сечкани пилешки гради
  • 2 тиквици
  • 6 парчиња пршута
  • 6 топчиња моцарела
  • пармезан
  • 1 јајце
  • презла
  • маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • 2 лажици млеко

Начин на подготовка:

  1. Изрендајте тиквици и посолете. Потоа месото ставете го помеѓу проѕирна фолија и исчукајте го. Посолете и побиберете. На секое парче месо ставете пршута, на еден крај малку тиквици, преку малку пармезан и моцарела. Свиткајте.

     

  2. Разматете јајце, сол, бибер и додајте млеко. Потопете го месото во јајце, па во презла. На плех ставете хартија за печење. Ставете маслиново масло и ставете месо. Секое парче прелијте го со маслиново масло. Печете во рерна 35 минтуи на 180 степени.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко