Полпети од тиквици: Лесен оброк кој ќе ве засити

Полпети од тиквици: Лесен оброк кој ќе ве засити

Ви донесуваме одличен рецепт едноставно летно јадење…

Состојки:

  • 400 гр тиквици
  • 4 лажици рендан пармезан
  • 1 чешне лук
  • 100 гр леб, само средината
  • 50 мл млеко
  • 1 јајце
  • 2 лажици маслиново масло
  • прстофат-два сол
  • малку бибер
  • 4-5 лажици лебни трошки
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги тиквиците, исушете ги и исечкајте ги на мали коцки.

     

  2. Загрејте тава, додајте маслиново масло, па малку пропржете издробен лук.

     

  3. Додајте тиквици и динстајте околу 10 минути. Изладете.

     

  4. Потопете го лебот во млеко па исцедете. Измешајте јајце со рендано сирење, додајте средина од леб, маслиново масло, сол, бибер и тиквици и добро измешајте. Ако смесата ви е леплива и мека, додајте некоја лажица лебни трошки.

     

  5. Обликувајте полпети, извалкајте ги во лебни трошки, па ставете ги во фрижидер на половина час.

     

  6. Испржете ги полпетите на загреано масло во длабока тава и послужете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко