Запечен зеленчук со сирење – брзо и вкусно јадење

Запечен зеленчук со сирење – брзо и вкусно јадење

Сирење и зеленчук – вкусна комбинација.

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • тиквица
  • 2 компири
  • 2 моркови
  • неколку маслинки
  • моцарела
  • фета сирење
  • масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги и исчистете ги компирите и морковите, исечкајте ги на коцки и згответе ги до половина. Во сад на масло пропржете сечкан кромид, па додајте исцедени компири и моркови, како и останатиот зеленчук исечкан на коцки. Сѐ лесно измешајте да не се распадне.

     

  2. Кога ќе се изедначи, ставете во рерна и печете десетина минути на 220 степени. Пред крај, преку зеленчукот растопете сирења и вратете во рерна да се запечат со зеленчукот.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко