Сос од вино и павлака

Сос од вино и павлака

Вкусен сос со кој ќе ги направите јадењата уште повкусни.

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 2 дл црно вино
  • 1 парче леб
  • 1/2 коцка за супа
  • 1 дл кисела павлака Пекабела
  • 3 лажици масло
  • малку цимет
  • сенф
  • 1 лажичка вински оцет
  • сол
  • бибер
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Кромидот исечкајте го па издинстајте го на масло, додајте леб исечкан на коцки.

     

  2. Кога лебот ќе добие румена боја додајте вино и 1 дл вода, додајте коцка за супа и оставете да зоврие, па измешајте зачини.

     

  3. Почекајте повторно да зоврие, тргнете од оган па оставете малку да се излади. Сѐ измиксајте и добро изладете. Пред сервирање додајте кисела павлака и магдонос.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко