Брзо и едоставно: Кремасти тиквици од рерна со месо (Видео)

Брзо и едоставно: Кремасти тиквици од рерна со месо (Видео)

Овој интересен начин за подготовка на тиквици нема да ви одземе многу време, а вкусот сигурно ќе ви се допадне.

Состојки:

  • 3-4 тиквици
  • 350 гр свинско мелено месо
  • 350 гр пилешко мелено месо
  • 80 гр ориз
  • 1 главица кромид
  • магдонос
  • 2 чешниња лук
  • 1/2 лажици мелена црвена пипер
  • сол
  • бибер
  • 100-150 гр моцарела
  • 300 гр павлака
  • 1 лажица доматен сос
  • 1/2 шолја вода

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците исечкајте ги на кругови. Потоа во чинија измешајте месо, зготвен ориз, ситно сечкан кромид, магоднос, ситно сечкан лук и зачинете. На еден круг тиквици ставете смеса од месо и така редете по должина, ред тиквица, ред месо.

     

  2. Наредете во тепсија. Потоа измешајте кисела павлака со доматен сос и вода и прелијте преку тиквиците. Преку изрендајте моцарела.

     

  3. Печете на 180 степени околу 1,5 часа.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта