Одлична салата од микс од зеленчук

Одлична салата од микс од зеленчук

Освежете се со вкусна салата…

Состојки:

  • 300 гр домати
  • 50 гр рендана зелка
  • 200 гр зелена салата
  • 100 гр рукола
  • 1 краставичка
  • 50 гр црни маслинки
  • 100 гр фета сирење
  • 50 мл вода
  • 2 лажици зачин
  • 4 лажици маслиново масло
  • 4 лажици сок од лимон
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Доматите измијте ги и исечкајте ги, руколата измијте ја, а листовите зелена салата исечкајте ги на помали парчиња.

     

  2. Зеленчукот ставете го во сад, додајте сечкана зелка, краставица исечкана на парчиња, црни маслкинки и фета сирење на коцки. Зачинете.

     

  3. Зачинот измешајте го со вода, оставете да отстои 5 минути и потоа додајте масло и сок од лимон. Прелијте ја салатата, измешајте и послужете.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text