Пита со вишни и презла – посно

Пита со вишни и презла – посно

Неодолива посна пита со вишни и презла.

Состојки:

  • 500 гр кори за пита
  • 700 гр вишни
  • 200 гр презла
  • 4 лажици шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 100 мл масло
  • 250 мл вода
  • 1 лажица шеќер

Начин на подготовка:

  1. Кратко и на слаба температура испржете презла на масло. Додајте шеќер, ванила. Измешајте вода, масло, шеќер и со овој прелив премачкајте три или четири кори, на последната не мора, туку богато посипете со презла и вишни. Свиткајте и наредете во тепсија. Така до крај. Добро напрскајте ги со истиот прелив кој останал и оставете да стои 10 минути. Вклучете ја рерната на 220 степени и печете околу 35 минути.

     

  2. Готовата пита пропрскајте ја со вода, прекријте и оставете малку да отстои. Исечете и посипете со шеќер.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта