Вкусни динстани печурки

Вкусни динстани печурки

Брзи и вкусни динстани печурки…

Состојки:

  • 300 гр печурки
  • 3 лажици кисела павлака Пекабела
  • 1 главица кромид
  • сончогледово масло
  • сол
  • кумин
  • кари

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте кромид. Исечкајте печурки. На загреана тава ставете масло и динстајте кромид до златно-кафеава боја. Потоа ставете ги печурките на кромидот. Добро измешајте и динстајте 20 минути на средно силен оган додека течноста не испари.

     

  2. Посолете и ставете кисела павлака. Динстајте и повремено мешајте уште 5 минути. Тргнете ја тавата од рингла, сервирајте на чинии, додајте кумин и кари.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта