Печен шеќер: Совршен десерт со домашно кафе

Печен шеќер: Совршен десерт со домашно кафе

Кој сака домашно кафе, знае дека ова е најдобар десерт за комбинација.

Состојки:

  • 3 мали шолји шеќер
  • 1 мала шолја млеко
  • 1 лажица брашно
  • 50 гр ореви

Начин на подготовка:

  1. Шеќерот ставајте го во тенџере, па растопете го на силен оган. Кога шеќерот ќе се карамелизира додајте 1 шолја млеко и уште 2 шолји шеќер. Мешајте, а кога ќе почне да врие намалете го огнот. Мешајте уште 2-3 минути. Тргнете од оган и мешајте. Додајте ореви и брашно и мешајте уште 4 минути. Мешајте уште малку, а потоа, смесата ставете ја на хартија за печење. 
  2. Развлечете го печениот шеќер по хартијата и оставете да се излади. Искршете и послужете со кафе.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Ариева кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта