Мафини со тиквици: Едноставно и вкусно предјадење

Мафини со тиквици: Едноставно и вкусно предјадење

Сезоната на тиквици е во полн ек. Искористете го овој здрав зеленчук за новото, летно мени.

Состојки:

  • 2 тиквици
  • 10 лажици брашно
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 3 лажици гриз
  • 2 лажици масло
  • 50 гр ситно сечкана пиперка
  • 2 јајца
  • 60 гр кашкавал
  • сув магдонос

 

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците изрендајте ги, посолете ги, додајте јајца и разматете. Потоа ставете масло, пиперка и кашкавал, продолжете со матење. Додајте сода и брашно и убаво соединете. Посипете со свеж магдонос.

     

  2. Смесата распоредете ја во калапи за мафини и печете на 200 степени 20 минути. По желба посипете со пармезан.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text