Јунешка чорба: Чинија полна здравје за успешен ден

Јунешка чорба: Чинија полна здравје за успешен ден

Има ли нешто поздраво и похранливо од топла чинија јунешка чорба.

Состојки:

  • 300 гр јуншешко месо
  • 1 пашканат
  • 2 моркови
  • 1 црвена пиперка
  • 1 главица кромид
  • 1-2 лажици брашно
  • свеж магдонос
  • малку млеко и павлака
  • 1 јајце
  • мајчина душица
  • бибер
  • лук
  • сол
  • сув зачин
  • масло

Начин на подготовка:

  1. На малку масло испржете кромид, додајте месо, сув зачин, листови ловор и вода и динстајте околу 10-15 минути. Потоа ставете го целиот зеленчук кој првично сте го исечкале на ситни коцки. После десетина минути додајте зачини по вкус, налијте вода, околу 100 мл, поклопете и на умерена температура гответе 50-60 минути, со додавање вода. Додајте бела запршка (лажица брашно и малку вода), зовријте. Разматете јајце, додајте 2 лажици павлака, 3 лажици млеко, соединете и додајте во чорбата. Посипете со свеж магдонос.

Добар апетит!

Деталите за подготовка поглднете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text