Рецепт за вкусни крофни без квасец

Рецепт за вкусни крофни без квасец

Едноставна подготовка на десерт кој сите го обожаваат. Ако сакате крофните можете да ги полните и со чоколадо, џем…

Состојки:

  • 2 јајца
  • 150 гр брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажица шеќер
  • 100 мл млеко
  • 1 ванилин шеќер
  • кора од лимон

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца, па додајте брашно со прашок за печиво и сода бикарбона, масло, шеќер, млеко и кора од лимон. Сѐ убаво соединете.

     

  2. Крофните вадете ги со лажица за сладолед и пржете ги во доста масло. Вадете ги со решеткаста лажица на хартиени салфети. Посипете со шеќер и ванилин шеќер.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Брза похована даска кога ќе се најават гости

ФОТО: Традиционална македонска даска

Омилената даска за мацкање на Влатко

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Брзо мезе за ненајавени гости

Највкусни интегрални грисини

Пржени лепчиња – омилениот викенд вкус

singlepost_text