Печурки полнети со сланина и лук – брзо и вкусно

Печурки полнети со сланина и лук – брзо и вкусно

Вкусно јадење, едноставна подготовка.

Состојки:

  • 12 шампињони
  • 2 чешниња лук
  • 70 гр кашкавал
  • 150 гр сланина Пекабеско
  • бибер
  • магдонос
  • оригано

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги печурките, отстранете ги дршките и издлабете ги со лажица. Исечкајте сланина на тенки и кратки ленти, а сирењето изрендајте го. Лукот ситно исечкајте го и измешајте со сланината.

     

  2. Печурките прво наполнете ги со сланина и лук, а потоа додајте оригано и бибер по вкус. Преку ставете изрендан кашкавал и по малку сечкан магдонос.

     

  3. Обложете плех со хартија за печење, па наредете ги печурките. Печете десетина минути на 220 степени во претходно загреана рерна. Послужете топло со сезонска салата.

Добар апетит!

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Брза похована даска кога ќе се најават гости

ФОТО: Традиционална македонска даска

Омилената даска за мацкање на Влатко

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Брзо мезе за ненајавени гости

Највкусни интегрални грисини

Пржени лепчиња – омилениот викенд вкус

singlepost_text