Брза јогурт пита

Брза јогурт пита

Направете совршен доручек…

Состојки:

  • 500 гр кори
  • 5 јајца
  • 100 мл масло
  • 100 мл кисела вода
  • прашок за печиво
  • 400-500 мл јогурт
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Разматете четири јајца, посолете и додајте јогурт, продолжете со матење, ставете вода и масло, разматете, потоа додајте прашок за печиво и соединете. Филот е подготвен.
  2. На дно на тепсија ставете две кори, потоа свиткајте ги останатите кори на ленти, како хармоника, прелијте со фил, убаво распоредете го филот од горе со шпатула. Разматете јајце со малку фил и премачкајте. Печете 30 минути на 200 степени.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Брза похована даска кога ќе се најават гости

ФОТО: Традиционална македонска даска

Омилената даска за мацкање на Влатко

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Брзо мезе за ненајавени гости

Највкусни интегрални грисини

Пржени лепчиња – омилениот викенд вкус