Совршена пита со кајмак, павлака и лук

Совршена пита со кајмак, павлака и лук

Оваа пита можете да ја направите со компир, тиквици… Вкусна е во кој било облик.

Состојки:

  • 300 гр брашно
  • 1/2 л млака вода
  • 1 јајце
  • 1 лажичка сол
  • на врв на нож сода бикарбона
  • 30 гр путер
  • 2-3 чешниња лук
  • 1 чаша кисела павлака Пекабела
  • 1 лажица кајмак или меко сирење
  • 1 мала шолја масло

Начин на подготовка:

  1. Во сад разматете јајце, па додајте брашно, вода, сол и сода бикарбона. Разматете тесто да биде погусто отколку за палачинки. Во плех ставете масло, малку загрејте во рерна, па во загреаното масло ставете го тестото и печете на умерена температура да порумени.

     

  2. За тоа време ситно исечкајте лук, па згответе во врела вода и путер. Изладеното тесто искинете го на парчиња и редете во чинија: ред тесто, ред лук, павлака и кајмак и така со ред додека не го потрошите материјалот.

Добар апетит!

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Брза похована даска кога ќе се најават гости

ФОТО: Традиционална македонска даска

Омилената даска за мацкање на Влатко

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Брзо мезе за ненајавени гости

Највкусни интегрални грисини

Пржени лепчиња – омилениот викенд вкус

singlepost_text