Колачиња со бело чоколадо и кокос

Колачиња со бело чоколадо и кокос

Брзо се прават, а вкусот е фантастичен!

Состојки:

  • 200 гр бело чоколадо
  • 50 гр путер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 80 гр кисела павлака Пекабела
  • 130 гр кокосово брашно
  • желе бонбони или лешници

Начин на подготовка:

  1. Чоколадото иситнете го и растопете го на пареа. Постојано мешајте, а кога целосно ќе се растопи тргнете од оган. Додајте путер и ванилин шеќер па разматете со миксер.

     

  2. Во смесата измешајте павлака и 80 гр кокосово брашно и оставете да се излади.

     

  3. Обликувајте топчиња, извалкајте ги во останатото кокосово брашно и украсете со желе бонбони или лешници.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text