Пита со модар патлиџан која морате да ја пробате

Пита со модар патлиџан која морате да ја пробате

Ако не сте пробале пита со модар патлиџан, еве вкусен рецепт…

Состојки:

  • 500 гр кори за пита
  • 1 поголем патлиџан
  • 1 средна главица кромид
  • 1 морков
  • 1 чешне лук
  • листови магдонос
  • 50 мл масло
  • 50 мл вода
  • сол
  • бибер
  • 1 јајце
  • 200 вода за премачкување на корите
  • 50 мл масло за премачкување на корите
  • 200 мл кисело млеко или павлака за премачкување на питата
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Издинстајте кромид на масло, додајте сечкан морков и вода. Крчкајте 3 минути па додајте излупен и исечкан патлиџан, сол, бибер, магдонос. Крчкајте околу 7 минути. Оставете да се излади па додајте разматено јајце.

     

  2. Премачкајте 2 кори со премаз од вода и масло, на третата кора оди фил. Замотајте во облик на полжав или наредете во тепсија. Премачкајте ја питата со прелив за кори и оставете да стои 15 минути.

     

  3. Печете околу 30 минути, прелијте со разматено кисело млеко и вратете во рерна на 5 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text