Вкусни ражничи од свинско месо

Вкусни ражничи од свинско месо

Одличен рецепт за вкусни ражничи…

Состојки:

  • 8 долги гранчиња рузмарин
  • 2 истолчкани чешниња лук
  • 1 лажичка рендана кора од лимон
  • 1 лажичка чили во прав
  • 1/4 шолја маслиново масло
  • морска сол
  • свежо мелен црн бибер
  • 1.2 кг свинско месо исечкано на коцки

Начин на подготовка:

  1. Отстранете ги ливчињата од гранчињата рузмарин, но оставете 4 сантиметри ливчиња на врвот. Остатокот оставете го на страна.

     

  2. Наострете го другиот крај на гранчињата со нож.

     

  3. Останатиот рузмарин ставете го во блендер и додајте лук, кора од лимон, масло, сол, бибер и фино изблендирајте.

     

  4. Месото ставете го во сад и додајте му половина од маринадата од рузмарин, па маринирајте го десетина минути.

     

  5. Печете по 6 минути од секоја страна. Ражничите се готови кога од надвор имаат убава кора.

     

  6. Послужете со остатокот од маринадата.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text