Ориз со мелено месо запечен во рерна

Ориз со мелено месо запечен во рерна

Сервирајте топло со салата по вкус…

Состојки:

  • 250 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 2 моркови
  • 1 мала шолја ориз
  • 1/2 тиквица
  • 2 јајца
  • 200 гр кисела павлака
  • бибер
  • сув зачин
  • малку лук во гранули
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Пропржете сечкан кромид на масло, додајте морков и тиквица кои сте ги исечкале на коцки, зачин, мелено месо и тоа малку издинстајте го. Потоа додајте измиен ориз и налијте вода, па гответе на тивок оган водата да зоврие. Тргнете од оган и малку изладете.

     

  2. Во чинија скршете јајца, додајте павлака, па измешајте. Ставете зготвен ориз и измешајте. Префрлете во намастена тепсија, изедначете, изрендајте малку кашкавал. Печете во рерна 40 минути на 210 степени.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text