Кокос коцки без печење: Засладете се со стил

Кокос коцки без печење: Засладете се со стил

Лесен летен колач кој ќе ве освои!

Состојки за подлога:

  • 300 гр мелени бисквити
  • 200 гр рендано чоколадо за готвење
  • 100 мл млеко

Состојки за фил:

  • 500 мл млеко
  • 1 ванила
  • 80 гр гриз
  • 50 гр кристал шеќер
  • 200 гр кокосово брашно

Состојки за глазура:

  • 100 мл слатка павлака
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 1 лажичка кокосово масло

Начин на подготовка:

  1. За подготовка на подлогата, измешајте бисквити и чоколадо, додајте млеко и соединете. Подготвената подлога распоредете ја по дното на калапот.

     

  2. Филот подгответе го така што ќе загреете млеко и шеќер, додајте гриз, згответе па додајте кокосово брашно. Филот распоредете го преку подлогата.

     

  3. Потоа во 100 мл слатка павлака додајте кокосово масло и чоколадо. Гответе додека не се растопи целото чоколадо. Прелијте преку колачот. Оставете 3 часа во фрижидер.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text