Одлична комбинација – пица со туна.
Состојки:
- тесто за пица
- 300 мл слатка павлака
- 100 гр сирење Ајдамер
- 3 лажици сок од лимон
- 1 лажица зачин
- бибер
- 250 гр Тимко туна
- 100 гр кромид
- 50 гр црни маслинки
- 1 лажица сечкан магдонос
Начин на подготовка:
- Слатката павлака зовријте ја, додајте рендано сирење, зачин, бибер и сок од лимон, па гответе на слаб оган 1-2 минути, а потоа малку изладете.
- Развлечете го тестото и ставете го на намастен лим.
- По тестото распоредете го подготвениот сос, ставете туна, кромид сечкан на кругови и маслинки.
- Пицата печете ја во печка загреана на 220 стпени 15 минути.
- Печената пица посипете ја со магдонос.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи